Во својата нова емиија, Џејмс Корден беше домаќин на sвездите од серијата „Пријатели“, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Џенифер Анистон, Метју Пери, Дејвид Швимер и Мет Лебланк. Сè беше снимено во студиото каде се снимаше легендарната серија.
Додека славниот водител ги возеше, ги прашуваше како се чувствуваат и колку обично снимаат. Актерите потврдија дека се чувствуваат убаво, како и дека снимањето обично трае ден и половина и дека се многу среќни затоа што повторно се собрале.
Актерката Лиза Кудру беше многу емотивна, па дури и се расплакала за време на разговорот.
Додека возеа низ студиото, Џејмс Корден ја отсвири познатата песна од серијата „I’ll be there for you“, а потоа сите ја отпеаја оваа песна.
После возењето, домаќинот го посети и ентериерот на студиото каде се снима „Пријатели“.
„Сè е исто, јас сум само носталгична“, рекол Корден.