Се размислува за воведување комунална полиција за да се спречи фрлањето отпадоци

од Vladimir Zorba

Потребна е поголема јавна свест отколку казнување, но се размислува и за воведување на комунална полиција која ќе го казнува редовното фрлање на отпадоци од страна на граѓаните. Ова е одговорот на министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова на новинарско прашање за подолгорочно решение со справување на несовесноста на граѓаните кои постојано фрлаат отпад.

-Контрола има постојано. Јас мислам дека ни е проблемот казнувањето. Кога одиме во земјите на ЕУ, кога ќе помине нашата граница за жал, поинаку се однесуваме. Мислам дека, како што се однесуваме во тие земји треба да се однесуваме и дома. Не е прашањето дали треба да се казнуваме. Треба да ја подигнеме малку јавната свест, дека фрлајќи го отпадот ние си правиме штета самите на себе, бидејќи ние тука живееме, ние тука опстојуваме, тука ќе живеат и нашите деца. Планираме една активност, како една нова мерка, да речеме, зборуваме подолго време да се воведе комунална полиција во државата. Таа ќе може на лице место да изрекува казна исто како што сообраќаен полицаец да изрече казна за сообраќаен прекршок на лице место, истакна министерката.

Слични содржини