Легендарниот музичар Сер Елтон Џон и Дејвид Фурниш беа меѓу првите во Велика Британија што склучија граѓанско партнерство во 2005 година и се венчаа точно девет години подоцна, на истиот ден, 21 декември.
Тие прославија важни јубилеи со ретки фотографии од нивната венчавка, кои ги објавија на своите профили на Инстаграм.
„Денес, Дејвид и јас славиме два јубилеи: 15 години граѓанско партнерство и шест години брак. Нашата врска станува се посилна секој ден и јас сум многу благодарен за љубовта што ја споделуваме кон нашите два убави синови“, напишал Елтон на социјалните мрежи, нагласувајќи дека тие сепак се меѓу ретките среќници.
„Сè уште има милиони хомосексуалци во светот кои се дискриминирани поради нивната сексуалност. Тоа е срамно. Сите заслужуваме да бидеме сакани кога сакаме. Ние ќе продолжиме да се бориме за еднаквост на сите“, истакнал музичарот, кој и самиот долго време се бореше со признавањето на сопствената сексуалност.
Пред да признае дека е хомосексуалец, Елтон помина четири години во брак со жена. Неговата поранешна сопруга Рената Блауел ја запозна во 1983 година во студиото каде го сними албумот „Too Low for Zero“, каде што таа била мајстор за звук. Тие се венчаа една година подоцна на Денот на вљубените во Сиднеј, додека заедно беа на промотивната турнеја на албумот. Се разведоа во 1988 година кога Џон призна дека е хомосексуалец.