Се разведоа Руперт Мурдок и 26 години помладиот модел Џери Хол

од Stefanija Kuzmanovska
284 прегледи

Медиумскиот магнат Руперт Мурдок и неговата 26 години помлада сопруга, актерката и поранешен модел Џери Хол, официјално се разведоа.

„Џери Хол и Руперт Мурдок го финализираа разводот. Тие остануваат добри пријатели и си посакуваат се најдобро во животот“, стои во заедничкото соопштение за медиумите.

Потпишан предбрачен договор

Вонсудската спогодба доаѓа откако Хол во средата побара од судијата од Лос Анџелес да го отфрли нејзиниот случај за развод против Мурдок, неколку недели откако таа побара обелоденување на неговите финансии.

Таа поднела барање за развод минатиот месец, наведувајќи ги „непомирливите разлики“.

Таа тврдеше дека не знаела за целосниот обем на имотот на нејзиниот поранешен сопруг, а во документите било наведено дека нејзиното барање за развод ќе биде изменето „штом ќе се утврдат информациите“.

Записите покажуваат дека судијата издал налог во јули во врска со финансиската евиденција на Мурдок. Хол и Мурдок наводно потпишале предбрачен договор.

Магнатот со австралиско потекло, кој поседува низа медиуми, вклучувајќи ги Тајмс, Њујорк пост, Фокс њуз и Волстрит журнал, се проценува дека вреди 17,7 милијарди долари.

Мурдок и Хол се венчаа во 2016 година, две години откако Мурдок се разведе од претприемачката Венди Денг. Мурдок потоа на Твитер напиша дека е „најсреќниот човек на светот“.

Веста за разводот шокираше многумина, откако парот размени нежности пред камерите минатата година, на прославата на 90-тиот роденден на Мурдок.

Слични содржини