Се разведува еден од најпознатите американски парови: На суд ги делат милионите

од Stefanija Kuzmanovska
325 прегледи

Ѕвездата на американскиот фудбал Том Брејди и манекенката Жизел Бундхен ангажирале адвокати за да го започнат процесот на развод. Двојката одлучи да се разведе по 16 години брак.

Том Брејди и Жизел Бундхен се во брак од 2006 година, а заедно имаат две деца, син и ќерка.

Како што пишуваат американските медиуми, една од најпознатите двојки во светот во изминатите неколку месеци не функционирала добро, па Том и Жизел одлучиле прво да живеат одвоено, а потоа да започнат бракоразводна постапка. Двајцата најмиле адвокати и бараат начин да го поделат својот имот од повеќе милиони долари.

„Никогаш не мислев дека оваа расправија ќе биде нивниот крај, но се чини дека е така. Мислам дека овој пат нема враќање назад. И двајцата имаат адвокати и сега следат кој што ќе добие и какви ќе бидат финансиите“, изјави за странските медиуми извор близок на парот.

Како што е наведено, и двајцата сакаат да останат блиску до децата, па би го делеле старателството. Тие поднесоа барање за развод во Флорида, каде што живеат и каде што Том игра за Тампа Беј Баканиерс.

Слични содржини