Најконтроверзниот брачен пар во Србија, Милјана (21) и Милојко (74) ќе ја напуштат вилата на контроверзното реалити шоу Парови како би потпишале развод, пишува спрски Курир.
Гледачите од Србија секојдневно го следат развојот на приказната која привлече големо медиумско внимание дури и во британските медиуми, а според најновите случувања, Милојко тврди дека се разведува.
– Јас сигурно се разведувам – рекол во програмата во живо.
Кога ќе влезе адвокат да ги потпишат документите за развод, накратко ќе го напуштат реалното шоу за договорно да ги потпишат документите.
– Но ништо не сме стекнале заедно, тоа е се мое. Моја куќа, кои станови – објаснил Милојко.
Но, Милјана не се согласува со него.
– Нема да се вратам во село под никоја цена, сакам дел од имотот – одлучна е.
Љубовникот на Милјана, кој исто така е оженет, ја советувал да си ги бара парите од свадбата.
– Тоа се твои пари. Ќе си купиш автомобил – ја посоветувал тој.