Се разведуваат Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ

од Stefanija Kuzmanovska
326 прегледи

Пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ се разведуваат по 14 години брак.

Карлеуша на Инстаграм даде официјална изјава која ја пренесуваме во целост.

„Јас и Душко се договоривме да го прекинеме нашиот брак по 14 години. За жал, Душко повеќе не се гледа себеси како дел од нашето семејство. Техничките правни работи ќе се решаваат со договор во наредниот период. За овој тежок период за нашето семејство и децата, нема да барам разбирање од медиумите бидејќи е залудно. Не очекувам човечност или разбирање од јавноста, само ситење и испирање усти со нашите животи, на што сум навикната… па навалете“, напиша Карлеуша.

„Сè преживеав, па ќе го преживеам и ова. Животот продолжува. За да се спречат неточни натписи, целиот брачен имот е пренесен на нашите деца, старателството над нашите деца ми припаѓа мене. Секоја напишана лага ќе резултира со тужба како и досега. Нема да се огласувам повеќе по овој повод“, додаде таа.

Јелена и Душко имаат две деца – ќерките Атина и Ника.

Слични содржини