Се реконструира кино-салата „Рудар“ во Пробиштип

од Stefanija Kuzmanovska
298 прегледи

Почнаа градежните  активности за целосна реконструкција на кино-салата „Рудар“ во Пробиштип.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов изјави проектот е вреден близу 20 милиони денари, пари обезбедени како грант од Платежната агенција, а данокот на додадена вредност е обврска на општината.

– Особено сум горд што успеавме да обезбедиме грант за реализација на еден ваков проект, вели  Анастасов.

Доколку се се одвива според планираното, реконструкцијата треба да заврши за околу три месеци.

– Станува збор за комплетна реконструкција на внатрешниот, надворешниот дел и инсталацијата, посочи Анастасов.

Тој забележа дека речиси десeт години кино-салата во Пробиштип е  надвор од употреба. Со реконструкцијата салата ќе добие нова сцена и столчиња, а планираниот капацитет е 360 седишта.

Слични содржини