Започнаа изведбените активности за реконструкција на платото меѓу зградите на улицата „Московска“, во близина на пазарчето Тафталиџе, информираат од општина Карпош.
Во тек е реконструкција на партерниот дел, кој е со површина од околу 700 м2, каде што старата и оштетената бетонска подлога ќе се замени со бекатон плочки.
=На овој начин, ќе се подобри пристапноста во овој дел од Карпош, кој е прилично фреквентен и каде што работат повеќе маалски продавници и маркети. Исто така, покрај инфраструктурата, предвидена е изведба и на нови сливници, низ кои се апсорбира водата од теренот. Овие градежни активности се очекува да завршат до крајот на летото и за истите се одвоени околу 1.150.000 денари (со вклучен ДДВ) – средства од Буџетот на општина Карпош. Во текот на минатата година, општина Карпош целосно го раззелени и овој дел меѓу зградите. Беа засадени нови висококвалитетни дрвја, украсни растенија, а беше поставен и нов систем за наводнување, стои во соопштението на општината, при што ги замолуваат сите жители кои живеат во околните згради, како и другите минувачи, да имаат разбирање и трпение додека траат инфраструктурните активности.