258
Во тек се градежни работи за реконструкција на коловозот на улицата „Даме Груев“, поради што е воведен времен режим на сообраќајот, информираат од ЈП „Улици и патишта“.
Денес нивните екипи по налог на Град Скопје ја започнаа првата фаза за реконструкција на коловозот на улицата Даме Груев.
-Тие машински го гребат оштетениот асфалт на потегот од раскрсница со ул.Македонија до ул.11ти Октомври и поради изведба на градежните активности десната страна на коловозот е затворена за сообраќај и обележана со соодветна сигнализација. На левата страна од коловозната површина сообраќајот се одвива во нормален тек. Времениот сообраќаен ќе важи до завршување на градежните активности на екипите на ЈП Улици и патишта Скопје, соопштија од претпријатието.