Се реконструираат лежечките полицајци на улицата „Орце Николов“, се отстрануваат старите бекатонки и се поставува нов асфалт

Службите на Општина Центар, изминативе два дена изведуваат реконструкција на т.н лежечки полицајци на улицата „Орце Николов" во Дебар Маало.

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Службите на Општина Центар, изминативе два дена изведуваат реконструкција на т.н лежечки полицајци на улицата „Орце Николов” во Дебар Маало. Старите бекатонки се отстрануваат, а на нивно место се поставува нов асфалт, со што улицата добива современ и уреден изглед.

Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека оваа реконструкција е пример за тоа како со брза и ефикасна акција можеме да го подобриме секојдневието на граѓаните.

„Реконструкцијата на улицата Орце Николов со отстранување на оштетените бекатонки на старите лежечки полицајци и поставување нов асфалт значи подобрување на безбедноста и квалитетот на сообраќајот. Со оваа мерка се принудуваат возачите да ја намалат брзината, со што се намалува ризикот од несреќи и се штитат пешаците и учесниците во сообраќајот. Старите оштетени лежечки полицајци можеа да предизвикаат опасност во сообраќајот, како и оштетување на возила”, вели Герасимовски.