Се сеќавате ли на Стив Уркел? Еве како изгледа актерот денес (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
358 прегледи

Актерот Џелил Ахмад Вајт (46) е познат по улогата во серијата „Под ист покрив“, каде што ја глумеше „бубалицата“ Стив Уркел. Оние малку постарите се сеќаваат на неговата реплика: „Did I do that?“, што неговиот лик постојано го кажуваше во епизодите.

Серијата се снимаше од 1989 до 1998 година, а Џелил денес има 46 години и изгледа сосема поинаку. Го паметиме како мало момче со наочари, но денес изгледа мускулесто, времето го поминува во теретана и игра кошарка.

По хит серијата „Под ист покрив“, Џелил ја продолжи кариерата, но ниту една од улогите не му донесе толку голем успех.

Подоцна се појави во серии како „Принцот од Бел Ер“, „Чарли и Ко.“, а глумеше и во филмот „Шанса за живот“.

Џелил има неколку врски зад себе, а една поранешна девојка, Бриџит Хари, го обвини за физичко малтретирање. Тој никогаш не бил уапсен, а целата ситуација ја прокоментира како лош обид на неговата поранешна да го добие старателството над нивната ќерка Самаја.

Слични содржини