Се сеќавате на 90-тите и кој за што беше!?- денес ВМРО-ДПМНЕ им честиташе празник на Србите, а СДСМ се сретнаа со бугарските социјалдемократи

од desk3
393 прегледи

Се сеќавате на 90-тите и кој за што беше!? Кои беа позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Југославија и нивната борба против србизацијата на Македонија !? Се сеќавата потоа на позициите на СДСМ за тоа дека ВМРО-ДПМНЕ е бугарашка партија во Македонија и се залага за присоединување на државава кон Бугарија!?

И тогаш овие тези беа длабоко експлоатирани и во меѓупартиските обвинувања, но и во интерните партиски идеологии.

ljupco-grujo

Но во 25 години плурализам се случи се случија чудни “идеолошки заборавања” на настаните. По 25 години самостојност гледаме како ВМРО-ДПМНЕ (која тогаш се бореше против србизацијата) денеска под раководство на Груевски го возобновува симболот на српската окупација на земјата “Офицерскиот дом”, кој по земјотресот го срушија лично македонските комунисти (некои велат дека тоа го направиле поради лошите сеќавања од српските кралски прогони). Во денешната владина колиција членуваат сите партии на Србите во Македонија. И сега, останува прашањето, како се чувствуваат (измамени или експлоатирани) старите ВМРО-вци што се бореа за самостојна Македонија без српско влијание.!?

Ете така владејачката партија ја смени идеолошката матриcа за само 10 години раководење од Никола Груевски.

Но да се вратиме наназад и кај тогашната власт во македонија- СДСМ… Тогаш пак имаше афери со прислушување на ВМРО-ДПМНЕ поради антидржавна активност, контакти со Бугарски разузнавачи, акцијата “Сина птица”, дека Љубчо георивески бил Бугарин итн…

За да отсликаме денешната обратна ситуација (дали поради интереси или идеологија) прво Ви ја пренесуваме честитката на Груевски до Србите во македонија, како лидер на ВМРО-ДПМНЕ која некогаш се бореше против србизацијата.

 

https://youtu.be/vxXoGg_CWW8

“Дозволете ми во свое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, да Ве поздравам и да Ви го честитам 27 Јануари, празникот посветен на Свети Сава.

Свети Сава е дел од плејада на свети личности, мислители и дејци кои со својата неуморна просветителска и црковна дејност им оставиле силни универзални вредности на балканските христијански народи. Ако во Република Македонија тоа се Свети Кирил и Методиј, во Србија и помеѓу српскиот народ тоа е Свети Сава, првиот српски архиепископ и деец кој оставил траен белег во негувањето и ширењето на христијанска мисла на Балканот. Од овие причини, но и од почит кон српскиот народ, овој ден веќе деветта година по ред го одбележуваме како празник на српската заедница во Република Македонија.

Ваквите празници се исклучително важни и значајни. Преку нив го негуваме меѓусебното почитување, учиме еден за друг и живееме еден со друг. Македонскиот и српскиот народ отсекогаш имале блиски релации и многу нешта кои ги поврзуваат. Таквата поврзаност нè собирала на заеднички прослави во минатото, нè собира на заеднички прослави и денес. Уверен сум дека таквиот однос ќе продолжи и во иднина. Воедно, уверен сум дека заедно ќе продолжиме да работиме за силен економски подем, подобрување на стандардот и животот на нашите граѓани, перспективна и напредна Република Македонија.

Ви посакувам добро празнично расположение, убава домашна атмосфера, среќна слава и многу здравје, среќа и успех во новата 2016. година”-порача Груевски

branko-crvenkovski-ljubco-georgievski

Се сеќавате нели дека бугарските соција-демократи лобираат за Македонија во ЕУ и дека даваат подршка за Македонија низ меѓународните инстутуции. Да постетиме дека дадоа поддршка и на последниот голем митинг на СДСМ пред Владата ! За да се добие целосна слика за идеолошката промена кај двете најголеми партии во Македонија, Ви го пренесуваме соопштението од средбата на Заев со лидерот на бугарските социјал-демократи:

 

“Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со претседателот на бугарската Социјалдемократска партија, Александар Томов.

Двајцата колеги зборувале за актуелната состојба во Македонија, како и за продлабочувањето на соработката помеѓу Бугарија и Македонија на политички и на економски план.

„Покрај сите предизвици со кои се соочуваме, ние сме целосно подготвени за на слободни, фер и демократски избори да ја промениме оваа недемократска власт. Заедно со граѓаните подготвивме сериозна, остварлива програма која ќе донесе промени во општеството на секое поле“, рекол Заев.

Томов рекол дека СДСМ има целосна поддршка од неговата партија за да истрае во овој период.

Во насока на продлабочување на партиската соработка, договорена е заедничка средба на економските тимови од двете сестрински партии.”

 

Е сега останува прашањето кога ние обичните луѓе сме биле во идеолошка заблуда во 90-тите или сега!? Кој има интерес да ги менува идеологиите на партиите!? Размислете…

 

ФЃ