На социјалните мрежи кружат информации како да се идентификуваат организираните групи „насилници“ за кои се тврди дека биле вклучени во денешниот масовен протест во Белград.
Загрижените граѓани споделуваат совети како да се идентификуваат овие „проблематични поединци“.
Според нивните тврдења, членовите на овие групи носат сини и зелени беџови на реверите и користат специјално засилени капи дизајнирани да се заштитат од удари, пренесе Nova.rs.
Еден од клучните визуелни индикатори, наводно, се две поголеми метални дупки на страните на капите, кои овозможуваат да се препознаат во толпата.
Иако нема официјална потврда за овие наводи, информациите забрзано се шират на интернет, а граѓаните апелираат на внимателност и мирно однесување за време на протестите.