Се шири реакцијата на Ед Нортон по губењето на Оскарот, фановите застанаа во негова одбрана

од Vladimir Zorba
34 прегледи

Едвард Нортон беше номиниран за Оскар во категоријата за најдобра споредна машка улога за неговата улога како Пит Сигер во филмот A Complete Unknown.

Во оваа категорија, тој беше во конкуренција со имиња како Киеран Калкин и Гај Пирс, а наградата на крајот ја освои Калкин за неговата улога како Бенџи Каплан во филмот A Real Pain. Гледачите на Оскарите забележале интересен детал и тврдат дека 55-годишниот актер опцл кога дознал дека не ја добил наградата. Погледнете го видеото.

„Дали Едвард Нортон рече „f*ck“? некој праша, а друг додаде: „Ги гледав Оскарите и го видов Ед Нортон како вели „f*ck“ затоа што го загуби Оскарот од Киеран Калкин. Беше толку лут“.

„Камерата веднаш го фати“, коментираше трет, а некои напишаа дека неговата реакција е разбирлива со оглед на тоа што Нортон е номиниран за Оскар четири пати, но допрва треба да ја освои златната статуетка.

„Па, ова веројатно му беше последна шанса. Тој има право да биде малку огорчен. Актер од тој калибар, не мислите дека е во право?“ се вели во еден од коментарите.

Слични содржини