Клип од емисија во која гостувал Владимир Путин во 1999 година се шири на социјалните мрежи.
„Не ни се допаѓа што Украина сака да се приклучи на НАТО. Дали сакаме да го земеме Крим или не можеме само да се договориме за пари, гас, шеќер? Кој е нашиот проблем со Украина, Владимир Владимирович?“, го праша водителот Путин.
„Пред се, не сакаме да го земеме Крим, тоа е апсолутна глупост. Ако почнеме да земаме нешто од некого, тогаш некој дефинитивно ќе земе нешто од нас или ќе изгубиме нешто. Во секој случај, ќе започнеме таква поделба во поранешниот Советски Сојуз од која никогаш нема да се опоравиме“, одговори Путин.
„Русија не е империја“
Путин нагласи дека според него најголемиот проблем е „тешкото империјално наследство на Русија“.
„Сите некако мислат дека Русија останала империја. А сега, оние што аплаудираат, слушајте ме. Сите мислат дека Русија останала империја и се однесуваат кон неа како кон империја. А тоа не е случај долго време“, рече Путин.
Путин брзо стекна популарност
Во времето кога се снимаше емисијата, Путин беше руски премиер, а на таа позиција беше назначен од тогашниот претседател Борис Елцин. Во исто време, Елцин го назначи и за наследник како претседател на Русија, што беше јасен политички сигнал за неговата идна улога.
Во октомври 1999 година, Путин беше релативно ново лице на врвот на руската политика, но брзо стекна популарност, особено поради неговиот цврст став во Втората чеченска војна, која започна кон крајот на летото истата година.
Потсетуваме, Русија го анектираше Крим во 2014 година, а од 2022 година е во тек целосна руска инвазија на Украина.