Се шушка дека Хана e повторно бремена, се огласи Тончи Хуљиќ

од Stefanija Kuzmanovska

Се шпекулира дека Хана Хуљиќ и Петар Грашо го очекуваат своето второ дете. На оваа тема се огласи и Тончи Хуљиќ, кој оваа година ќе ги помине празниците со внуката Алба во нивната куќа на Адвент во Загреб.

„Би сакал повеќе внуци. Што се однесува до мене, тоа би било одлично, но никој околу мене не е бремен. Јас секогаш велам дека покрај Алба би сакал да имам уште внуци. Засега немам. Ќе биде“, рекол Тончи низ насмевка, пренесе „24сата.хр“.

Хуљиќ е презадоволен и со малата Алба. Хитмејкерот од Сплит ја обожава својата внука, но не се меша премногу во нејзиното воспитување.

„Куќите ни се на 300 метри, па Грашо и Хана често се кај нас, како и ние кај нив“, откри Тончи, кој е во одлични односи со зетот Петар Грашо.

„Јас сум човек кој сака да се шегува, односот меѓу мене и Грашо е таков затоа што сме заедно 26 години, сите сме како семејство, го имаме тој специфичен стил на хумор“, рекол Хуљиќ своевремено.

Слични содржини