„Се случија слични жални инциденти“: Саудискиот принц го потсети Бајден дека и САД направиле грешки

од Stefanija Kuzmanovska
210 прегледи

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, за кој се верува дека стои зад убиството на новинарот на „Вашингтон пост“, Џамал ​​Кашоги, му кажал на американскиот претседател Џо Бајден дека Саудиска Арабија работела на спречување грешки како убиството на Кашоги, но дека и САД направиле грешки, вклучително и во Ирак, изјавија саудиските власти.

Во петокот, Бајден му кажа на принцот Мохамед дека го смета за одговорен за убиството на новинарот на „Вашингтон пост“ Џамал ​​Кашоги во 2018 година во комплексот на саудискиот конзулат во Истанбул.

„Кралството ги презеде сите мерки за да спречи слични грешки во иднина“, му рече принцот на Бајден и негираше одговорност за убиството на Кашоги.

Саудиски функционер, во изјавата испратена до „Ројтерс“ за разговорот на двајцата официјални лица во петокот, рече дека принцот престолонаследник рекол дека обидот да се наметнат одредени вредности со сила на други земји може да резултира со контраефект.

Бајден, кој во петокот слета во Саудиска Арабија на својата прва претседателска турнеја на Блискиот Исток, денеска учествува на самит со шест земји од Персискиот залив и Египет, Јордан и Ирак.

Средбата со принцот Мухамед предизвика лавина критики за кршење на човековите права.

Бајден вети дека ќе ја направи Саудиска Арабија „отфрлена“ на глобалната сцена поради убиството на Кашоги во 2018 година, но на крајот одлучи дека американските интереси диктираат подобрување на односите со најголемиот светски извозник на нафта и арапската сила.

„Истата година се случија слични жални инциденти и беа убиени други новинари во други делови на светот“, рече престолонаследникот. „САД, исто така, направија грешки како што е инцидентот во затворот Абу Граиб во Ирак и во други земји“.

Земјите ширум светот, особено САД и кралството, споделуваат вредности со кои се согласуваат и имаат други со кои не се согласуваат, рече принцот.

„Сепак, обидот да се наметнат тие вредности со сила ќе има спротивен ефект како што се случи во Ирак и Авганистан, каде што САД беа неуспешни“, се вели во соопштението.

Вашингтон го омекна својот став кон Саудиска Арабија откако Русија ја започна својата инвазија на Украина на почетокот од оваа година, предизвикувајќи една од најтешките кризи за снабдување со енергија во светот.

На Бајден му е потребна помош од Саудиска Арабија во време на високи цени на суровата нафта и други проблеми предизвикани од конфликтот меѓу Русија и Украина.

САД, исто така, сакаат да го ограничат влијанието на Иран во регионот и глобалното влијание на Кина.

Слични содржини