Се снима новиот „Матрикс“: Петтиот филм од револуционерната франшиза ќе биде сосема поинаков

од Симе Стоиков
199 прегледи

Најавено е снимањето на новиот „Матрикс“, овојпат во режија на Дру Годард.

Режисерот му пристапил на Варнер Брос со нова идеја за проширување на франшизата, позната по пионерскиот пристап кон визуелните ефекти, па ќе го режира петтиот филм од оваа револуционерна франшиза.

Ова ќе биде првиот „Матрикс“ во кој директно не се вклучени креаторите Лана и Лили Вачовски, иако Лана ќе биде извршен продуцент на новиот дел.

Деталите за заплетот на филмот се уште не се познати, но најавено е дека Годард ќе преземе нов пристап.

„Дру дојде во Варнер Брос со нова идеја за која сите веруваме дека ќе биде неверојатен начин да се продолжи светот на The Matrix, со тоа што ќе го почитува она што Лана и Лили го започнаа пред повеќе од 25 години и ќе понуди уникатна перспектива заснована на неговата љубов според серијата и ликовите“, изјавиле од Ворнер Брос, пренесува The Hollywood Reporter.

Потсетуваме, првиот дел излезе во 1999 година, а главните улоги ги толкуваа Кијану Ривс, Лоренс Фишбурн, Кери-Ен Мос, Џо Пантолијано и Хуго Вивинг.

Последниот филм излезе во 2021 година и беше наречен The Matrix Resurrections.

Слични содржини