Се споменува Клинтон: Моника Левински бара од Бијонсе да смени текст на песна

од Stefanija Kuzmanovska

Моника Левински (49) повторно е во центарот на вниманието откако ја прозва Бијонсе, која најави дека поради навреди ќе го смени контроверзниот текст на новата песна „Heated“.

– Кога сме веќе кај тоа, да потсетам на „Partition“ – напиша Моника на Твитер.

Таа потсети на зборовите на песната на познатата пејачка од 2013 година, во која се споменува аферата Левински-Клинтон. Уште тогаш Моника бараше Бијонсе да го отстрани контроверзниот текст од оваа песна во кој се споменува нејзината афера со американскиот претседател Бил Клинтон.

Бијонсе вети дека ќе го промени тоа, но…

Слични содржини