245
Четворица минувачи се повредени денеска во Будимпешта кога врз нив паднале делови од покрив и фасада на станбена зграда.
Во таа прилика биле оштетени голем број автомобили, пренесува АП.
Полицијата во Будимпешта соопшти дека во тек се претреси на урнатините и на самата зграда, но дека засега нема индиции за можни жртви.
Пристапот до овој дел од градот е блокиран до завршување на истрагата.