Најмалку три лица загинаа по судир на два хеликоптери во воздух при гаснење на шумски пожар во американската сојузна држава Калифорнија, јавува агенцијата „Anadolu“.
Еден од раководителите на Противпожарната служба во Калифорнија, Дејвид Фулчер, изјави дека несреќата се случила во округот Риверсајд на југот на таа американска држава.
🚨#BREAKING: Two Firefighting helicopter has crashed in a mid air collision while fighting brush fire
Currently, there is a deadly incident in Cabazon, California that occurred this evening, where two firefighting helicopters collided in mid-air while… pic.twitter.com/t8kXt6VSy5
— R A W S A L E R T S (@rawsalerts) August 7, 2023
Фулчер соопшти дека еден хеликоптер слетал успешно по судирот, додека другиот се урнал.
Во несреќата животот го загубиле пилотот и двајцата пожарникари кои се наоѓале во хеликоптерот кој се урнал.
Two firefighting helicopters from the California Fire Department collided in the air on the evening of August 6th local time while extinguishing a fire. One helicopter successfully made a forced landing, while the other crashed, resulting in the death of three people on board. pic.twitter.com/QuHPoTyfr1
— Akin💯 (@ics923) August 7, 2023
Фулчер изјави ли дека хеликоптерската несреќа предизвикала нов пожар во кој изгореле повеќе од 1,6 хектари шума, а пожарникарите по неколкучасовна борба успеале да го изгаснат пожарот.