358
Вчера во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„11 Октомври“ се случила сообраќајна незгода помеѓу тротинет, управуван од Г.С.(36) и велосипед, управуван од Б.Н.(48), и двајцата од Скопје, соопштија од МВР.
Во незгодата, велосипедистката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општата болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.