Се судриле двајца велосипедисти – едниот тешко повреден, другиот избегал

од desk2
18 прегледи Image by Karolina Grabowska from Pixabay

На булеварот„Партизански одреди“ во Скопје вчера попладне се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од В.И.(63) од Скопје и друг велосипед, кој го напуштил местото на несреќата, соопшти СВР Скопје.

Притоа, велосипедистот В.И. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.