Се сврши 23-годишната ќерка на Бил Гејтс

404 прегледи

Џенифер Гејтс, ќерката на Бил и Мелинда Гејтс, се сврши за време на зимските празници со своето момче.

Џенифер Гејтс која ги завршува студиите на Стенфорд ќе се омажи за 28-годишниот Најел Насар. Парот ја дели својата љубов кон јавачките спортови, а Џенифер по дипломирањето планира да се посвети на натпреварите во истите.

И Џенифер и Насар, кој се натпреварува во коњичките спортови за Египет, родната земја на своите родители, срените вести ги споделиле на инстаграм.

„Најел Насар, ти си единствен. Апсолутно ме изненади минатиот викенд изненадувајќи ме на најзначајната локација за една од многуте заеднички страсти… милион пати да“, напишала Џенифер под фотографијата.

„Сега се чувствувам како најсреќниот човек на светот“, напишал Насар.

„Џен, ти си се што сум замислувал.. и многу повеќе од тоа“

Слични содржини