Славната холивудска актерка Џенифер Гарнер повторно е во центарот на вниманието, откако е забележана со светкав прстен на домалиот прст на левата рака. Сите се прашуваат дали по 7 години врска со Џон Милер, извршен директор на КалиГруп, конечно двојката решила да вплови во посериозни води.
На социјалните мрежи владее убедувањето дека Гарнер, која влезе во врска со Милер три години откако се разведе од нејзиниот колега Бен Афлек, на левата рака сепак има свршенички прстен.
Инаку, Гарнер и Милер од почетокот на врската ја објавија заедничката одлука за својот приватен живот да не зборуваат во јавност. И се чини дека се посреќни од кога било претходно. Неодамна Милер бил виден пред куќата на Гарнер во Лос Анџелес, па тоа дополнително ги подгрева шпекулациите две двојката по 7 години, конечно решила да ја официјализира својата љубов.