Се сврши некогашната тин-ѕвезда: Се запознале на рехабилитација

345 прегледи

Некогашната тин-ѕвезда Аманда Бајнес ги изненади своите следачи на социјалните мрежи кога за Валентајн објави фотографија со голем прстен со објаснување дека се свршила со љубовта на својот живот. Тогаш следачите не знаеле за кого станува збор, бидејќи Аманда не покажувала кој ѝ е партнер, но неколку часа подоцна таа објавила и фотографија со него.

Странските медуми пишуваат дека се работи за Пол Мајкл, со кого аманда се запознала на рехабилитација. Парот бил во врска околу два месеци.

https://www.instagram.com/p/B8kcGayhHt9/

– Среќна е – рекол извор близок на парот.

Иако се свршиле, се уште нема детали околу венчавката.

https://www.instagram.com/p/B8mh0i3htSQ/

Аманда со години се бори со биполарно растројство и зависност од дроги и алкохол. Пред повеќе од еден месец таа ја напуштила клиниката за одвикнување. По излегувањео таа живеела со родителите бидејќи така одлучила, а подоцна и од судот добила дозвола да живее сама, доколку посака.

Како што велат нејзините пријатели, таа веќе не користи дроги, а родителите ѝ се најголема поддршка.

https://www.instagram.com/p/B8p8N-vhUvW/

Слични содржини