Се трага по припадник на воздушните сили на Белгија: Се заканил дека ќе убие познат епидемиолог

од Stefanija Kuzmanovska
321 прегледи

Несекојдневната и досега безуспешна потера во Белгија продолжува. Се трага по капларот на воздушните сили и воен инструктор во бегство, Јирген Конингс (46), кој се заканува дека ќе ги нападне државните структури и ќе убие одредени јавни личности, вклучувајќи го и познатиот епидемиолог Марк ван Ранст.

Поради тоа, епидемиологот и неговото семејство живеат на тајно место под строг полициски надзор од 17 мај. Ван Ранст е познат по тоа што е една од најомразените личности меѓу противниците на носење заштитни маски.

Џипот на Конингс последен пат бил виден во близина на националниот парк во регионот Лимбург, на североисток од земјата, недалеку од холандската граница, и оттогаш се губи секаква трага за него. Внатре беа пронајдени дури четири противтенковски лансери со муниција! Истражните тела веруваат дека тој сигурно има со себе уште полесно оружје.

Стотици полицајци, војници, членови на цивилна заштита, кучиња трагачи го бараат, но засега е недостижен.

Патем, тој ја остави својата намера напишана во две писма.

 

Слични содржини