Се удави 21 мигрант во водите на Тунис

од Stefanija Kuzmanovska
438 прегледи

Туниската крајбрежна стража извлече тела на 21 удавено лице денес, кога брод со мигранти потона крај брегот на таа земја, изјави за „Ројтерс“ службеник за безбедност.

Ова е втора ваква трагедија на море во последните два дена.

Најмалку 43 мигранти се удавија и во туниските води во саботата додека пловеа по Средоземното море обидувајќи се да стигнат од Либија до Италија. Тогаш беа спасени 84 мигранти.

Слични содржини