Се укинуваат Симпсонови, повеќе не носат никаква заработка

од Stefanija Kuzmanovska
342 прегледи

Анимираната телевизиска серија Симпсонови е на екраните веќе триесет години, а сега нејзината иднина е доведена во прашање. Имено, телевизиската мрежа FOX се спојува со Дизни, а Симпсонови веќе неколку години не остваруваат приходи, туку нејзиното постоење е овозможено од парите од лиценцирањето, пишува Variety.

Поради претстојното спојување, договорите за лиценцирање ќе бидат различни. FOX повеќе нема да ги споделува трошоците за секоја епизода со американската филмска компанија 20th Century Fox, па затоа ќе мора да се плаќа за секоја епизода самостојно.

Variety наведува дека е можно да се емитува серијата на стриминг сервисот на Дизни – Дизни +, како и дека може да биде римејк на оваа култна телевизиска програма.

Слични содржини