Се урна балон во Мексико, има жртви – пилотот обвинет за убиство

од Stefanija Kuzmanovska
170 прегледи

Пилотот на балон со топол воздух кој неодамна се запали и се урна во близина на пирамидите Теотихуакан во Мексико, при што загинаа две лица, е обвинет за убиство.

Во несреќата, која се случи на први април, загина брачна двојка од Мексико, а нивната ќерка беше повредена.

Возењата со балон на топол воздух над археолошкиот локалитет Теотихуакан, недалеку од Мексико Сити, се многу популарни, но балонот што се урнал не бил регистриран во Федерацијата за балони на топол воздух на Теотихуакан, велат од здружението.

Слични содржини