Се урна хеликоптеот на иранскиот претседател

од Илинка Илиоска
435 прегледи

Хеликоптер во конвојот со иранскиот претседател доживеа несреќа, јавуваат државните медиуми.

Во моментов не е јасно дали иранскиот претседател Ебрахим Раиси бил во хеликоптерот за кој државните медиуми велат дека доживеал тешко слетување пренесе Би-би-си.

Министерот за внатрешни работи рече дека спасувачите се уште се обидуваат да стигнат до местото поради тешките временски услови.

Според локалните медиуми, претседателот Раиси се упатил кон градот Табриз, на северозападот на Иран, по враќањето на границата со Азербејџан, каде што ги отворил браните Киз Каласи и Ходаафарин.

Екипажот на хеликоптерот кој учествувал во несреќата наводно успеал да повика помош пред падот. Локалните медиуми јавуваат дека за време на повикот се слушнале врисоци и дека тој бил прекинат по само неколку секунди. Во хеликоптерот што се урнал бил и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан.

 

Слични содржини