Руски хеликоптер се урна денес во областа Брјанск, во пограничната област со Украина, изјави за агенцијата ТАСС извор од итната служба.
„Според прелиминарните податоци, хеликоптерот паднал во градот Клинци, откако моторот се запалил“, додал изворот.
Во моментов се утврдуваат сопственикот на хеликоптерот и околностите за падот.