Се урна хеликоптер за време на обука на талибанците во Кабул, има жртви

од Stefanija Kuzmanovska
182 прегледи

Три лица загинаа за време на обука на талибанците во Кабул кога се урна хеликоптер од американско производство, соопшти авганистанското министерство за одбрана.

Хеликоптерот се урнал во кампусот на Универзитетот за одбрана поради „технички проблем за време на вежбата“.

Двајца пилоти и еден член на екипажот загинаа, а пет членови на екипажот се повредени.

За време на повлекувањето од Авганистан пред една година, американската војска зад себе остави авионска опрема, оружје и возила во вредност од милијарди долари, од кои повеќето станаа неупотребливи.

Слични содржини