Спасувачките екипи ги пронајдоа телата на двајца пилоти на комерцијално авион Fairchild SA-226 Metro II, кој се урна во планините на Британска Колумбија, соопшти телевизија CTV.
Авионот во кој биле само двајцата пилоти, полета во понеделникот од Ванкувер за град Принцот Џорџ. Четвртина час подоцна исчезна од радарите и врската со него беше изгубена.Авионот се урнал во шумски масив на околу 10 километри од Ванкувер.Специјалната комисија веќе ги истражува околностите околу несреќата. Засега е познато дека пилотите не вклучиле сигнал за несреќа.
