Се урна мал авион во Чиле, шест лица загинаа

од desk2
98 прегледи

Мал авион се урна врз една куќа во Пуерто Монт во Чиле, при што загинаа шест лица, соопштија градските власти.

Авионот се урнал во близина на аеродромот „Ла Палома“ во покраината Лос Логос.

Противпожарните тимови се обидуваа да го угаснат огнот за да не се прошири на соседните објекти. Авионот се урнал веднаш по полетувањето и имал полн резервоар гориво. Во несреќата загинаа пилотот и петмина патници.