Се урна окното во рудник за јаглен во Словенија, повредени дванаесет рудари

од Stefanija Kuzmanovska
172 прегледи

Дванаесет рудари се повредени при уривање на окното во рудникот за јаглен Велење во Словенија, соопшти денеска компанијата „Премоговник Велење“ која управува со рудникот.

Според извршниот директор на компанијата Јанез Рошер, ниту еден од повредените рудари нема потреба од болничка нега по вчерашната несреќа, пренесе агенцијата СТА.

Инспекторатот го посетил местото на настанот и покрената е истрага.

Во последниот сличен настан, во септември 2019 година, беа повредени 11 рудари.

Единствениот словенечки рудник за јаглен, Велење, треба да биде затворен до 2033 година како дел од стратегијата за постепено исклучување, но со оглед на актуелната енергетска криза предизвикана од војната во Украина, тие планови може да бидат одложени.

Слични содржини