Најмалку пет лица загинаа кога делумно се урна десеткатница во јужниот ирански град Абадан, јави иранската државна телевизија.
Најмалку 80 луѓе наводно се затрупани под урнатините, пренесе „Ројтерс“.
Во тек е спасувачка операција, а на помош пристигнуваат екипи на брзата помош од другите градови.