Московски суд наметне вчера одлучи за мерка “притвор” на петмина осомничени во случајот за убиството на Немцов, пишува “Комсомолскаја правда”.
Заур Дадаев, еден од обвинетите во убиството, се изјасни за виновен. Другиот обвинет Анзор Губашев пред судот изјави дека е невин. Судот стави во притвор уште тројца осомничени за соучесништво – Хамзад Бахаев, Тамерлан Ескерханов и Шагид Губашев.
Чеченците браќата Губашеви и братучед им Заур Дадаев никогаш не паднале во видното поле на органите на прогонот. Мајките на осомничените изјавија дека не знаат детали за животот на синовите и не веруваат да се вмешани во убиството на рускиот политичар, пишува “Комсомолскаја правда”.
Весникот објавува интервју за истоимената радио станица, дадено од Луиза Губашева – роднина на тројцата. Таа вели дека никогаш не е разговарано со нив за политички теми и смета дека се намерно набедени. “Секогаш се фрла вината врз Чеченци, кавказци, луѓе од Кавказ, само да стане нешто. Глупости”, вели Губашева.
Федералната истрага официјално прецизира дека Заур Дадаев и Анзор Губашев биле не само изведувачи, но и организатори на атентатот. Според извор на Интерфакс од органите на прогонот, сеуште активно се истражува верзијата дека делото е нарачано од странство, забележува “Взглјад”.
Засега нема официјална информација за мотивите или за нарачателите на убиството, пишува изданието.
Соборците на Борис Немцов изразија во саботата надеж дека истрагата ги фатила вистинските криминалци, и како што е цитиран Илја Јашин од партијата на Немцов РПР-ПАРНАС,тој инсистирал за “подетални верзија од страна на истрагата и тајните служби”.
Украинскиот модел Ана Дурицка го придружуваше Немцов во моментов на убиството и е главен очевидец,но не успеа да обезбеди на истрагата каков и да било опис на убиецот пред да се врати во Киев, потсетува “Взглјад”. Уште не се знае дали Дурицка ќе пристигне пак во Москва, за да ги препознае криминалците, се вели во материјалот.
Најголемата ќерка на Немцов – Жанна, изјави во интервју за германскиот. “Билд ам Зонтаг”, дека се сомнева дали ќе бидат фатени вистинските убијци на нејзиниот татко, дополнува “Взглјад”. “Убедена сум дека убиството било политички мотивирано”, рече таа, додавајќи дека во Русија не останале веќе опозициски политичари и опозицијата е “обезглавена”.
