Во пресрет на Валентајн, ви носиме неколку одлични идеи како да го поминете денешниот ден со својот парнтер/ка.
Со овие три предлози, не можете да згрешите.
Заедно смислете романтична вечер
Доколку не сте љубител на изненадувањата, заедно со својот партнер седнете и осмислете како ќе го поминете Валентајн. Вклучете активности кои и двајцата ги сакате со цел едната страна да не биде запоставена.
Немојте да претерувате со трошење
Тоа што момчето на вашата пријателка ја носи на излает во странство не значи дека вие нема да поминете добро и квалитетно време во блискиот ресторан или дома. Немојте да трошите пари кои и онака ги немате, само затоа што другите тоа го прават.
Подарете нешто што навистина му/ѝ е потребно
Чоколадите во посебно пакување можеби се привлечни, но доколку на вашиот партнер му/ѝ требаат нови тренерки или роковник, подобро би било да му ги подарите. Верувајте, ќе ги цени повеќе отколку чоколадото.