Се уште траат разговорите со Владата за петтиот антикризен пакет економски мерки

од Vladimir Zorba
193 прегледи

Од Стопанската комора на Македонија денеска соопштија дека се уште траат разговорите со Владата за петтиот антикризен пакет економски мерки и веднаш штом ќе се договори нешто конкретно, јавноста ќе биде информирана.

-Засега се уште не се дефинирани конкретни мерки. Во тек се разговорите со засегнатите страни. Штом биде договорено нешто конкретно, ние ќе соопштиме. Засега нема ништо што би можеле да кажеме, не сакаме да се создаде конфузија и забуна за некоја активност што не е прецизирана, истакна денеска Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора, одговорајќи на новинарско прашање.

Слични содржини