Се усогласува Законот за градење со Законот за урбанистичко планирање

од Andreja Salpe

Министрите во Владата денеска го утврдија текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање со кој, меѓу другото, се овозможува голем број села во Северна Македонија да останат и понатаму покриени со урбанистичка документација и да продолжат да ги спроведуваат општите акти со што директно ќе се влијае на намалувањето на бројот на можни идни дивоградби во руралните средини, на степенот на иселувања на руралните средини како и на буџетот на општините со седиште во село.

Понатаму, ќе се овозможи усогласување на Законот за градење со Законот за урбанистичко планирање, како и поедноставување на одредени постапки и воведување на поголем степен на флексибилност и на намалување на вкупното време на постапките за планирање и градење

Слични содржини