Се венчаа Мис Аргентина, Маријана Варела и Мис Порторико, Фабиола Валентин. Среќната вест Маријана ја објави на социјалните мрежи.
– Откако решивме да ја задржиме врската приватна, откривме се на нашиот посебен ден – напиша таа во описот на објавата на која се гледаат низа фотографии и видеа направени за време на нивната врска, како и од венчавката.
Судејќи по напишаното во описот на објавата, мисиците се венчале на 28 октомври годинава.
Инаку, Маријана и Фабиола се запознаа на изборот за убавина Мис Гранд Интернационал 2020. Таму станаа пријателки и ја продолжија врската по натпреварот. Тие во последно време објавуваат се повеќе заеднички фотографии на социјалните мрежи, пишува магазинот Hola.