Холивудските актери Зендаја и Том Холанд се верија, открија неколку американски медиуми во понеделникот, ден по доделувањето на наградите Златен глобус каде актерката се појави со прстен украсен со голем дијамант.
Скапоцениот камен што 28-годишната актерка го носеше за време на церемонијата во неделата ги запали социјалните мрежи, што поттикна многу обожаватели да шпекулираат за веридбата. Според извештаите, Том Холанд ја запросил Зендаја на Божиќ.
28-годишниот британски актер ја запросил актерката „во многу интимен амбиент во еден од домовите на семејството на Зендаја во САД“. „Ни рекоа дека Том не сакал да направи големо шоу од тоа, туку многу романтично и интимно барање“, објаснува ТМЗ.
Zendaya and Tom Holland are reportedly engaged. 💍 #BillboardNews pic.twitter.com/1JksnbZ7Kz
— billboard (@billboard) January 7, 2025
„Нашите извори велат дека семејството не било таму, тоа бил само нежен момент помеѓу Том и Зендаја“, пишува TMZ. Двајцата актери се запознаа на снимањето на „Spiderman: Homecoming“ од 2017 година, филм во кој нивните ликови споделуваат бакнеж.
Тие ја започнаа својата врска во 2021 година и се еден од најпопуларните холивудски парови, иако љубоморно ја чуваат својата приватност. Том Холанд не беше на Златните глобуси во неделата, а Зендаја беше номинирана за улогата во комедијата „Challengers“, која прикажува љубовен триаголник во светот на тенисот.