Се влошува здравјето на Навални

од Vladimir Zorba
210 прегледи

Адвокатот на рускиот опозиционер, Алексеј Навални (44), кој во моментов отслужува две и пол години затвор, изјави дека здравствената состојба му се влошува откако е префрлен во казнената колонија.

Олга Михајлова, една од адвокатите на главниот критичар на Кремљ, изјави за АФП дека Навални неодамна се пожалил на „силна болка во грбот“.

Навални посетил невролог, кој не му ја кажал дијагнозата, но му препишал лек ибупрофен, додаде бранителот, изјавувајќи дека треба да оди на „вистински лекар“.

Таа рече дека не може да го види својот клиент кој е во казнената колонија во Покрово, околу 100 километри источно од Москва, за која се знае дека е една од најтешките во Русија.

Навални беше третиран минатата година за труење со нервен агенси Новичок во Германија и беше уапсен во јануари по враќањето во Русија.

Слични содржини