Прорускиот градоначалник на Снихуривка, град источно од Николаев, изјави за руската новинска агенција РИА дека граѓаните виделе тенкови, додавајќи дека се водат жестоки борби, пренесува „Ројтерс“.
„Тие се јавија во текот на денот и рекоа дека виделе движење на тенкови. Според граѓаните, на работ на градот се водат тешки борби“, наведе прорускиот градоначалник на Снихуривка, Јуриј Барбашов, и додаде дека „луѓето го виделе движењето на воени возила на улиците и во центарот на градот“.
„Русите се жалат дека веќе се избркани“
Кирил Стремусов, прорускиот лидер на соседната окупирана област Херсон, на својот канал на Телеграм објави дека украинските сили се обиделе да ја пробијат линијата на фронтот на три места, вклучувајќи ја и Снихуривка.
Виталиј Ким, украинскиот гувернер на Николаевската област, го наведе разговорот меѓу руските војници кои ги пресретнале украинските сили, сугерирајќи дека Украинците веќе ги „избркале“ Русите од областа Снихуривка.
„Руските војници се жалат дека веќе се избркани“, соопштил Ким за ситуацијата во Снихурвка.