Човечката глупост дефинитивно нема граници, а последиците можат да бидат далекусежни. За среќа, тоа не се случи во овој случај, барем не на видеото што се појави на социјалните мрежи. Ова видео во најдобро светло покажува колку некои луѓе погрешно го разбираат значењето на автономното возење, односно конкретно автопилотот на автомобилите на Тесла, пишува „Индекс.хр“.
Бројните сообраќајни несреќи со фатални последици очигледно не биле доволни предупредувања за еден корисник на Tesla Model X, кој седнал на совозачкото седиште, го вклучил автопилотот и тргнал на пат. За среќа во несреќата, тој тоа го снимил и споделил на социјалните мрежи, па лесно може да ги сноси последиците.
А да биде сé уште полошo, тој е убеден дека тоа што го прави е сосема исправно. „Кога Тесла би бил единствениот автомобил на патот, не би имало несреќи“, вели тој.
The new upgrades got the Tesla 🚙 🚖 Driving me to breakfast 🥞 🍳 #TeslaGang #Tesla #TeamToyz Go follow more on IG @Houseoftoyz
Публикувахте от Albert Siplen в Неделя, 27 септември 2020 г.