Се враќа една од најпопуларните серии, откриени детали за 10 епизоди

326 прегледи

Дали Серена ван дер Вудсен и Блер Валдорф повторно ќе се појават во серијата Gossip Girl, e прашање кое најмногу ги интересираше фановите на оваа серија откако и официјално беше објавено дека Озборувачката се враќа.

Блејк Лајвли, Леингтон Мистер и Пен Бедглеј нема да се појават во новата верзија на серијата, освен доколку самите не посакаат.

„Доколку сакаат да бидат вклучени на некаков начин, ние ќе им го овозможиме тоа. Би било одлично повторно да ги видиме заедно“, рекол продувентот Џош Швартц.

Без оглед дали актерите ќе одлучат да се појават повторно во серијата или не, Серена, Блер, Нејт и Дан ќе останат дел од приказната, потврди продуцентот за Entertainment Tonight.

Емили Алин Линд, 18-годишна актерка, ја доби една од главните улоги во новата верзина на серијата Gossip Girl, пренесува E!News. Емили тоа го потврди на својот Инстаграм профил.

„Се гледаме наскоро“, напишала.

Новите лица на источен Менхетен ќе дојдат на малите екрани осум години по емитување на последната сезона на Gossip Girl. Освен краркиот синопсис за ликот на Линд, не се ојавени никакви други детали за ликовите.

Новата серија ќе се состои од десет епизоди кои ќе траат по еден час.

Слични содржини