По подог молк во овие турбулентни месеци во кои опозицијата обелоденува прислушувани разговори од луѓе на власта, екс премиерот Гергиевски синоќа во 24Анализа на 24 вести со соломонски предлог. И власта и опозицијата, според него биле еднакво виновни и затоа прво што требало да направат СДСМ и ВМРО ДПМНЕ на преговорите било да донесат закон со кој ќе се амнестираат и едните и другите.
Георгиевски проценува дека прислушувале и МВР но и структура на стари Удбаши поблиски до опозицијата. Тој тврди дека целата работа одела кон дебела казна за Заев која му ја спрема власта и му препорачува да биде иницијатор за амнестија сега, за после други да не ја договараат неговата амнестија.
Георгиевски со порака и до ВМРО ДПМНЕ да прифатат амнестија заради фалсификатите на избори кои според законот ќе требе дури 10 илјади нивни членови да заработат затворски казни за помагање на изборни фалсификати.
За амстердамската тројка цени дека се ситни играчи, а владеачката партија имала невидена монолитност на која требе да и се позавиди. Потсети и дека и двете албански партии не се нешто возбудени од објавените снимки, а и меѓународната заедница баш и не се потресла.
Тој излезот го гледа во тоа и ВМРО ДПМНЕ И СДСМ да бидат амнестирани, да биде избрана преодна влада со мандат да подготви фер и демократски избори и, како што рече, за него е прифатлива идејата премиер на таа влада да биде Албанец.
Реакциите на социјалните мрежи главно се дека бившиот вмровски војвода и лут непријател на Груевски сега се става во улога на негова одбрана.
Се потсетува и дека неодамна оваа влада му продаде плац за градење хотел на кејот на Вардар на градежната фирма на Георгиевски. Еве ја целосно емисијата 24Анализа. Погледнете и како размислува бившиот премиер, сега повеќе бизнисмен отколку политичар и лидер на ВМРО-НП.