267
Третиот тим астронаути на долгорочни мисии, испратени од Space X до Меѓународната вселенска станица, безбедно се врати на Земјата рано утринава.
Вселенската капсула Кру Драгон, која носи тројца астронаути на НАСА и член на екипажот на Европската вселенска агенција од Германија, падна со падобран во Мексиканскиот залив во близина на Флорида, и со тоа ги оконча повеќемесечните орбитални истражувања кои вклучуваа различни работи, од чили пиперки одгледувани во вселената до робот, пренесува „Ројтерс“.
Летот од Меѓународната вселенска станица траеше повеќе од 23 часа.